А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прилеп се подготвува за меѓународниот карневал „Прочка 2018“

by А1он11/02/2018 - 20:0116/02/2018 - 11:08887
Share0

Привршуваат подготовките за меѓународниот карневал „Прочка 2018“, којшто годинава го има своето 17 издание. Околу 1000 учесници и гости од повеќе држави ќе бидат дел од овој костимиран спектакл. Во официјалниот напреварувачки дел ќе учествуваат групи од: Македонија, Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш.

Добивај вести на вибер

Како увертира на карневалот е изложбата на маски, што ќе се постави во центарот за култура „Марко Цепенков“ на 16. февруари во петок. Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари во сабота. Во подготовките учествуваат сите основни училишта од Прилеп, со свои групни маски, со автентична кореографија.

На 18. февруари во недела, во центарот на градот ќе се одржи официјалниот натпреварувачки дел од карневалот, со почеток во 13:00ч. Учесниците ќе имаат свој настап пред бројната публика, но и жири комисијата, која што ќе ги избере најдобрите учесници по категории, коишто ќе добијат парични награди и дипломи од здружението „Прилепски мечкари“. Добитникот на Гран при наградата ќе добие парична награда од 18.000 денари.

Карневалот ќе го следи делегација на Европската федерација на карневалски градови, во присуство на претседателот Ван Дер Крон. На овој меѓународен маскенбал ќе присуствуваат и многу екипи од европски карневалски градови.

За сите официјални гости карневалската забава под маски, продолжува вечерта во 21:00ч. во ресторанот на хотел „Липа“.

Карневалот всушност се одржува ден, пред почетокот на велигденските пости во православната христијанска вера. Оттука и традицијата негувана со децении е вградена во овој туристички настан. Така на првиот ден по „Прочка“ поточно верскиот празник „Проштени поклади“, во понеделникот во манастирот „Свети Ѓорѓија“, здружението „Прилепски мечкари“ организираат ручек со посен грав.

Во прилепската традиција се негуваат сè уште семејните вечери на „Проштени поклади“, кога младите одат на гости и бараат прошка од повозрасните.

Маскирањето на „Проштени поклади“, има своја богата традиција на овие простори. Речиси сите дечиња се подготуваат за овој ден, родителите им шијат облеки, купуваат маски, имаат посебен мејк – ап, подготвуваат перформански за одредени ликови од приказните, од филмовите, Кон оваа традиција сè повеќе се приклучуваа и возрасните. Денес „Прочка“ е всушност празнување во градот, кое што има своја туристичка димензија. Освен гостите од бројни држави коишто се учесници на карневалското случување, за овој ден Прилеп, го посетуваат и многу граѓани од други градови во државата.

prilepprocka

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен