Прилеп се подготвува втор пат да се запише во Гинисовата книга на рекорди

Од:

Во центарот на Прилеп на 23-ти овој месец, ќе биде претставена најголемата и најтешка перница на светот, соопштија денеска на прес-конференција од прилепската текстилна фабрика за постелнини „Комфи ангел“.

Фабриката и локалната самоуправа се иницијатори на овој несекојдневен настан.

– На 23-ти овој месец во центарот ќе ја претставиме најголемата перница во присуство на претставник од Гинис и секако ќе му дадеме големо значење на настанот. Ова го правиме не само за промоција на компанијата, туку на градот и на Македонија. Сакаме сите уште еднаш да слушнат за нас и се што можеме да направиме, изјави Ирена Јакимоска, сопственик на „Комфи ангел“.

Николче Јанески објасни дека перницата треба да биде поголема од рекордот во 2008 година што го постигна белгиска компаниа, а тоа е да е голема од 15 на 15 метри.

– Ние сакаме големината да премине 17 на 17 метри, но точно ќе се види на лице место кога и на плоштадот на очиглед на сите ќе се полни перницата. Може да достигне и 19, 90 метри големина, а да биде потешка од пет тони. Тоа се нашите залагања, вели Јанески, додавајќи оти зафатот чини 15 илјади евра.

Според градоначалникот Марјан Ристески иницијативата била поддржана од локалната самоуправа.

– Ја поздравуваме и сме логистичка поддршка на тоа Прилеп пак да влезе во гинисовата книга на рекорди. Го промовираме градот, државата и се промовираме како туристички атрактивни за посетителите, вели Ристески.

Прилеп прв пат постави гинисов рекорд во 2008 година на празникот на градот „Свети Никола“ на 19. декември кога беа приготвени 80.191 посни сарми. Официјално во гинисовата книга на рекорди се запиша 2010 година.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он