Прилеп од утре домаќин на болдеринг маратонот „Крали Марко“

Од:

Од утре до недела Прилеп е домаќин на шестиот болдеринг маратон „Крали Марко“, што го организираат планинарскиот клуб „Златоврв“ и локалната самоуправа.

На маратонот ќе учествуваат 100 спортисти – вљубеници во искачувањето на карпа од 7 земји, од Хрватска, Словенија, Германија, Франција, од Македонија и прв пат од Албанија и Грција.

На учесниците на маратонот кои го познаваат теренот, сметаат дека Марковите кули и месноста „Камена баба“ може да станат многу атрактивни во Европа.

– Ова е многу атрактивно, вистинско за алтернативниот туризам. Со колегите од минатото искачување снимивме 20- минутен видео материјал кој е поставен на интернет каде се посочени повеќе болдер точки. На тој начин ги повикуваме сите да дојдат во Македонија што е своевиден наш придонес за болдерингот и за презентацијата на македонските и овие прилепски локалитети, вели Филип Рибиер од Франција.

Според Христо Белакапоски од планинарското друштво „Златоврв“ со овој маратон Прилеп се промовира како светска болдеринг дестинација.

На маратонот ќе присуствува и претставник на светската компанија за опрема за вакви спортови „Пецел“ со идеја в година да се организира таканаречен рок-трип. Со тоа Прилеп може во 2014 година да влезе на светската мапа на локалитети за болдеринг. Во Македонија има 8 активни клубови со околу 200 членови.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена