Прилеп ќе стане лидер во селекцијата на отпад

Од:

Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ од 2008 година започнаа со проектот за примарна селекција на отпад. Во текот на овие пет години направени се 350 еколошки острови пред сите јавни институции, училишта, градинки со поставување три контејнери за селекција на отпад за хартија,пластика и органски отпад.

Според изјавата на директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, моментално во општина Прилеп само од примарна селекција се собираат околу 750 тони хартија годишно,160 тони пластика,околу 35 тони најлон.Годинава планираат да поделат уште 12 илјади канти за селекција на отпад во домаќинствата.

Во текот на 2011 и на 2012 година распределени беа 11 илјади канти за отпадоци по домаќинствата.За нивна набавка досега имаат инвестирано некаде околу 12.390.525 денари.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ најавидека е во тек постапката за купување приватно земјиште за изградба на компостара,која би се градела во 2014 и 2015 година со сопствени средства на претпријатието.Со ова биоразградливиот отпад би се преработувал во компост, кој е применлив во земјоделството и во овоштарството.Воедно, предвидена е изградба на фабрика во помал обем за рециклирање хартија и рециклирање отпад од градежни материјали.

Со оваа тенденција, отпадот во општина Прилеп до 2015 година би се рециклирал некаде од 65 до 70 проценти.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски