Прилеп ќе гради скејт парк

Од:

Прилеп ќе гради скејт парк кај спортската сала „Македонија“ во близина на Паркот на револуцијата.

– Тендерот за изградба е распишан. Скејт паркот е предвиден на површина од 1.331 метар квадратен, а ќе може да се користи за возење скејтборд, ролери и велосипеди. Просторот ќе се користи и за кулктурни настани и спортски натпревари, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Скејт паркот ќе има повеќе долови, за почетници со рампи, скалила, метални препреки и огради, надвишувања, аморфен базен длабок 80 сантиметри до 2 метра и бетонска површина од 900 метри квадратни. Делот за искусните скејтери ќе има аморфен базен длабок 2 до 3 метри. – Ова е предлог на граѓаните што беше доставен на „Денот на идеи“. Една од основните цели на локалната самоуправа е создавање услови за правилен психо-физички развој на младите луѓе, истакнува градоначалникот Ристески.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он