Прилеп ќе гради европска населба „Градина“

Од:

Прилеп ќе гради нова населба, наречена „Градина“, која е замислена како модерна европска населба, за 13.000 жители, соопшти општината.

Населбата е на 1,5 км раздалеченост од строгиот центар на Прилеп. Инфраструктурата е предвидена по европски стандарди: широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење, многу зеленило, градинка, училиште, спортски центри, трговски центри и се она што претставува модерна и урбана населба.

Населбата „Градина“ е со површина од 42 хектари, со предвидени градежни парцели за станбени куќи и станбени куќи со посебен режим, парцели за станбени згради, за деловни објекти, големи трговски и угостителски единици, за образование, објекти за спорт и рекреација, како и парцели за комунална супраструктура односно за изградба на трафостаници.

„На јавното наддавање можат да се пријават физички и правни лица. Пријавувањето е во тек и ќе трае до 23. август, а јавното наддавање ќе биде на 30. август“, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај