Прилеп издвои два и пол милиони денари за дневниот Центар за лица со церебрална парализа

Од:

Во полн ек се градежните работи за оспособување на Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп, информираат од локалната самоуправа. Центарот го финансираат Министерството за труд и социјална политика и општина Прилеп која издвои два и пол милиони денари. По Скопје, Прилеп ќе биде вториот град во државава кој ќе добие Центар од ваков карактер.

На последната седница на Советот на општината, советниците изгласаа одлука за измена на распоредот на средства од општинскиот буџет за 2018 година. Конкретно, поради постигнатата пониска цена во тендерската постапка за изградба и реконструкција на локални патишта, средствата во висина од два и пол милиони денари беа пренаменети за опремувањето на Центарот за лица со церебрална парализа. Од овие средства ќе се набави и специјално возило кое ќе ги вози лицата со церебрална парализа од нивните домови до дневниот Центар и назад.

За дневниот центар се собрани и 180.000 денари од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“ што се одржа во декември минатата година, а приелепската локална самоуправа ќе организира и други хуманитарни настани за да се соберат дополнителни средства за доопремување на дневниот центар.

Центарот ќе биде со капацитет за згрижување на 25 до 30 корисници, а се очекува да почне со работа кон крајот на идниот месец.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај