ПС Прилеп поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(21) од Прилеп за сторено кривично дело „измама“.
Во април 2012 година, пријавениот со лажно прикажување на факти, го довел во заблуда неговиот дедо К.Ѓ.(72) кој бил неподвижен дека ќе се грижи за него, а за возврат истиот му дал 1.400 евра, по што пријавениот воопшто не се грижел за неговиот дедо ниту пак го посетил.