Прилеп домаќин на експерти од светската автомобилска и авионска индустрија

Од:

Експерти од светската автомобилска и авионска индустрија ќе зборуваат за трендовите во автоматизацијата во композитното производство на семинарот на тема „Автоматизација во композитното производство” што во наредните три дена се одржува во Прилеп.

Автоматско полагање влакна, автоматско полагање на лента, намотување на композити на комплексни делови, автоматско сечење на препрег, управување со машините и прикажување на дел од нивниот производен процес, софтверски симулации, видео-демонстрации, предавања од светски високорангирани експерти во областа, споделување искуства,… се само дел од темите и активностите опфатени со агендата на семинарот во организација на Институтот за современи композити и роботика Прилеп (СКР), а спонзориран од Микросам АД.

Покрај опрема, на овој семинар ќе се прикажат и софтверските решенија кои Микросам АД ги нуди заедно со машините, а со кои се издигнува како еден од малкуте производители во светот кои нудат комплетни „клуч на рака” решенија за автоматско производство на делови од композитни материјали.

– Гордост е да се биде организатор на овој меѓународен семинар, единствен од овој тип во државата и регионот, кој покрај врвни предавачи, нуди и практичен дел, односно демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на делови од композитни материјали. Меѓу другите композитни технологии, на семинарот ќе се демонстрираат и технологиите за автоматско полагање на влакна и лента за производство на композитни делови за авиони и сателитски структури, со кои Микросам Прилеп АД ја вбројува Македонија меѓу четирите земји во светот кои ја имаат развиено оваа технологија, велат од СКР.

На семинарот, на кој учествуваат претставници на водечките компании во авионската и автомобилската индустрија од Русија, САД, Италија, Германија, Унгарија, теорискиот дел ќе биде претставен од врвни предавачи кои ги следат светските трендови во композитната индустрија и роботиката. Практичниот дел, пак, ќе вклучи демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на композитни делови, а ќе се изведе во лабораторијата која на едно место има in-house инсталирани машини од сите клучни технологии во индустријата за композитни материјали и нуди развој на нови технологии, дизајн на производи, прототипирање, тестирање и обука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница