Прилеп со апел до граѓаните да ги пријават бездомниците за да бидат згрижени од студот

Од:

Поради многу ниските температури, прилепската локална самоуправа упати апел до граѓаните да се јават во Црвениот крст или во центрите за социјална работа доколку забележат бездомници со цел тие да бидат згрижени.

– Доколку забележите бездомно лице, според препораките на Министерството за труд и социјална политика, пријавете во центрите за социјална работа и Црвен крст. Дежурните тимови ќе ги згрижат и ќе ги сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица, се вели во апелот.

Контакт телефони на дежурните екипи: Скопје – Црвен крст (071 733 171, 023096 227), ЦСР (078 230 943, 076 381 762); Струга – Црвен крст (070 249 733), ЦСР (075 588 980); Битола – Црвен Крст (075 907 060), ЦСР (071 342 492) и Струмица – Црвен Крст (070 253 441) и ЦСР (075 377 798).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски