Пријавување за скокање по крстот во Вардар

Од:

Заинтересираните за крстот во реката Вардар на централното скопско прославување на Богојавление/Водици, може да се пријавуваат од денеска.

Во денешниот број на „Нова Македонија“ излезе првиот купон, а за оние што го пропуштиле, купонот ќе се објавува во секој број на весникот заклучно со 14 јануари.

Пријавените ќе мора да донесат потврда за здравствената состојба од Институтот за спортска медицина.

Положувањето на крстот во водите на Вардар на Богојавеление ќе го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, од мостот кај „Холидеј ин“.

Според верувањата, оној што ќе го фати крстот цела година ќе има среќа, здравје и бла­госостојба.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош