Пријавено за исчезнато 54-годишно лице од Дебар

Од:

Од Секторот за внатрешни работи во Охрид информираа дека е пријавено за исчезнато лицето К.Ј.(54) од Дебар.

Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера. Последен пат е виден синоќа околу полноќ во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро.

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност-Дебар, како и граѓани го пребаруваат теренот покрај брегот на езерото и пошироката околина.

Роднините објавија и фотографија и телефонски број и на социјалната мрежа фејсбук со цел да добијат каква било информација, која би помогнала во неговото пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта