Пријавени 10.000 настани од граѓани во Центарот за известување и командување на МВР

Од:

Во Центарот за известување и командување, при СВР -Скопје во текот на минатиот месец имало  околу 10.000 пријавени настани  од  граѓани.

Во рамки на 24 часовното функционирање на полициските патроли, во текот на јануари  годинава Единицата за јавен ред и мир фатила 42 -ца сторители на кривични дела на лице место, направила 194 записници за констатиран прекршок на јавниот ред и мир, 827 записници на примање пријава за кривични дела,  24 записници за пронајдени – одземени предмети – 24. Меѓу другите активности, приведени по судска надредба се 45 лица, додека без судска наредба 63. Се асистирало во 11 случаи, а извршен е преглед на 2.458 патнички моторни возила.

Отсекот за работи од областа на јавниот ред и мир и БПС зема активно учество во планирање, раководење и контролно-надзорна функција  на 67 вонредни обезбедувања и тоа во пет меѓународни натпревари, во 10 културни и други манифестации, обезбедување на настани од Амбасади во три случаи, има 20 спортски обезбедувања, 27 обезбедувања на протести и едно посебно обезбедување при посета на премиерот на Република Србија.

Инаку, во рамки на СВР – Скопје функционира Комесаријатот за општа безбедност составен од три сегменти – единици и тоа: Единица за ЈРМ, Единица за БПС и Единица за асистенции и спровод.

Во Единицата за јавен ред и мир   функционираат три одделенија (Одделение за општи патроли  Исток, Одделение за општи патроли Запад и Одделение за општи патроли Југ). Наведените одделенија превземаат активности од Центарот за известување и командување по пријава на граѓани и постапуваат веднаш.

СВР – Скопје во рамките на своите надлежности  и понатаму продолжува да презема соодветни мерки и активности за целосно расчистување на сите пријавени настани од страна на граѓаните на телефонскиот број 192 во Центарот за известување и командување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он