Пријавен обид за киднапирање двегодишно дете

Од:

На ден 29.09.2016 година околу 18:50 часот во Единица за информации и команда од страна на А.П.
(34), било пријавено дека кога излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, непознато женско лице на возраст од околу 60 години, се обидела да и го земе нејзиниот двегодишен син, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот. Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан.

Од МВР наведуваат дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол