Пријава за управители на фирми кои поднеле лажни даночни пријави

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело даночна измама.

Пријавените физички лица, во својство на управител, односно овластен сметководител на пријавениот правен субјект, со намера да стекнат противправна имотна корист, во текот на 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи, поднеле три даночни пријави со лажни и невистинити податоци за износот на влезен промет и износот на влезно ДДВ, врз основа на кои ДДВ пријави извршиле неоснован поврат на ДДВ во корист на пријавениот правен субјект во вкупен износ од 14.507.184 денари, за кој износ го оштететиле Буџетот на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Околу 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност, се очекува да се соберат 80 милиони евра

Ана Ололовска

Кривична за скопјанец кој затаил данок

До крајот на месецот проверка на претпополнетата годишна даночна пријава

Струмичанец затаил данок за заработени 20.000 евра на Фејсбук

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Узунов: Најсиромашните не треба да плаќаат данок

Предраг Петровиќ