Пријателите и колегите се простуваат од Вучиќ: Многумина пробуваа да те омаловажат, но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа

Од:

Македонската сцена се простува од водителот, шоу-мен, пејач, композитор, Драган Вучиќ, по неговата смрт на Инфективната клиника како последница на коронавирусот. Многумина познати личности споделуваат фотографии, но и моменти кои ги поминале заедно со него. Меѓу нив, актери, писатели, пејачи, композитори, соработници, колеги, поддржувачи. Сите со неверување ја примиле веста за смртта на Вучиќ.

„Го сретнав, не знам каде…Му реков: -Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам. – Навистина ти се допаѓа? -Да, му одговорив. Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав. Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот.”Повели” ми рече со насмевка. Таков човек беше Драган Вучиќ. Почивај во мир!“, напиша актерот Драган Спасов-Дац.

Го сретнав, не знам каде…Му реков:-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го…

Posted by Dragan Spasov Dac on Понеделник, 04 мај 2020

„Кога еден автор си заминува, дел од него останува и живее вечно…преку неговите песни. Почивај во мир голем човеку и нека ти е светол патот. Ми беше чест да познавам некој толку позитивен и легендарен како тебе. Сочувство до семејството“, напиша пејачката Сара Костадиновска.

Кога еден автор си заминува, дел од него останува и живее вечно…преку неговите песни.Почивај во мир голем човеку и…

Posted by Sarah Kostadinovska on Понеделник, 04 мај 2020

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил „Ти си ми едно големо срце“. Епа денес тоа срце е тажно. Загубивме еден голем човек, пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата . Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе. Легендите живеат вечно“, пишува Владимир Блажев од групата „ДНК“

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и…

Posted by Vladimir Blazev on Понеделник, 04 мај 2020

„Многумина пробуваа да те омаловажат, но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа. Беше и ќе останеш медиумски маг, човек пред времето, секој телевизиски производ повеќе од успешен, музичар од кои што многумина научија нешто. Како во музиката, така и во телевизијата беше неприкосновен. Зар треба ова да се случи за да сфатиме што сме имале? Зар е тешко да се почитува некој? Ако за еден уметник зборуваат делата, за тебе ќе се зборува уште долго. Нека ова не поттикне да бидеме подобри и да го почитуваме она нашето. И ние овде имаме луѓе кои мораме да ги почитуваме додека се меѓу нас“, пишува пејачката Елена Велевска.

Многумина пробуваа да те омаловажат,но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа.Беше и ќе останеш медиумски маг, човек…

Posted by Elena Velevska on Понеделник, 04 мај 2020

„Догледање Име. Ми свири “Липе цвату” во моментов, и сфаќам дека без твојата тамбура тоа немаше да биде тоа“, објави писателот Драган Таневски.

Догледање Име…Ми свири “Липе цвату” во моментов, и сфаќам дека без твојата тамбура тоа немаше да биде тоа.

Posted by Dragan Tanevski on Понеделник, 04 мај 2020

„Почивај во мир, Драгане. Ти остави силна трага зад себе, за сите. Сочувство до семејството“, напиша пејачот и композитор Александар Митески.

Почивај во мир, Драгане ? Ти остави силна трага зад себе, за сите… Сочувство до семејството…

Posted by Aleksandar Mitevski on Понеделник, 04 мај 2020

„Лесна ти земја пријателе. Баш ми е жал. Сочувство до семејството“, напиша Бранко Огњановски.

Лесна ти земја пријателе. Баш ми е жал. Сочувство до семејството. :(

Posted by Branko Ognjanovski on Понеделник, 04 мај 2020

„Почивај во мир Драган. Беше еден и единствен“, напиша пејачката Тамара Тодевска.

Почивај во мир Драган. Беше еден и единствен. ?

Posted by Tamara Todevska on Понеделник, 04 мај 2020

„Почивај во мир чичко Драган“, напиша пејачката Каролина Гочева.

Почивај во мир чичко Драган… ❤️https://youtu.be/Hi97kryOFJc

Posted by Karolina Goceva on Понеделник, 04 мај 2020

Вучиќ беше композитор на бројни хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“ а во 2005-тата ја компонираше песната „Make My Day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.

Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

Драган Вучиќ почина на 65-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски