„Пријатели на Македонија“: Грција се однесува антиевропски и треба да и се каже „доста е“

Од:

Претседавањето на Грција ќе биде искористено од страна на групата „Пријатели на Македонија“ за вршење притисок во форма на прашања за тоа зошто Атина го попречува проширувањето на ЕУ и не го почитува меѓународното право. Ова го истакна германскиот европратеник Мартин Кестлер на заедничката прес-конференција денеска заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во склад со европските вредности.

Европратеникот Келам, пак, оцени дека се повеќе се шират пријателите на Македонија низ Европа и укажа дека нема безнадежни ситуации и нема место за депресија и цинизам. Вложените напори, посочи Келам, кои порано или подоцна ќе се исплатат.

– Судбината на Македонија е судбина на Европа која не е цела без Македонија, рече естонскиот европратеник.

Тој го поздрави консензусот во вид на Меморандум потпишан од 17 партии во Собранието за единство во однос на стратегијата за евроинтеграцијата на земјата и во тој контекст порача дека со здружени напори ќе дојде до разврска.

Келам и министерот Попоски се согласни дека Македонија за половина месец ќе добие петти по ред позитивен извештај што сметаат е охрабрувачки во однос на ЕУ-интеграцијата.

На новинарско прашање дали постои механизам Грција да се принуди да седне на маса и да го реши спорот, Келам истакна дека не постои таков специфичен механизам бидејќи секоја земја-членка има свето право да не се согласува, но, вели, има момент кога квантитетот ќе премине во квалитет и кога мнозинството ќе рече доста е.

И Кеслер и Келам се дел од низата европратеници кои овој период ќе ја посетат Македонија давајќи и поддршка за евроинтеграциите во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија. Тие денеска ќе имаат средба и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он