Приговорите на обвинетите од случајот „Моќник“ се одбиени

Од:

Советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, соопштија од Кривичен суд.

Од Судот истакнаа дека обвинителниот акт се одобрува во целост.

„Моќник“ се води против 13 лица, меѓу кои пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко и против поранешниот претседател на комисијата за лустрација, Томе Аџиев оти заеднички издејствувале да се продаде за 100 денари по квадратен метар, објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на Општина Пласница.

По предметот, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје, постапуваше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Застарува предметот „Моќник“, обвинителство во завршен збор направи преквалификација на делото и за преостанатите тројца обвинети

Горан Наумовски

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?