Прифатилиштето во Момин Поток отворено за бездомници

Од:

Поради најавите за пониски температури во наредниот период, Црвениот крст на Град Скопје денеска во Момин Поток ќе го отвори привременото прифатилиште за бездомници.

– Следејќи ги најавите за студениот бран во наредниот период,  Црвен крст на град Скопје ќе го отвори Привременото прифатилиште за бездомници кое има капацитет да смести 20 лица во исто време. Бездомниците од денеска се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето во Момин поток, а понатака ќе ги следиме пропораките во однос на временските услови, соопшти Црвениот крст на Република Македонија.

Оттаму информираат дека за лицата ќе бидат обезбедени и дополнителни оброци и оти во целата активност ќе бидат вклучени повеќе од 30 волонтери и професионалци.

– На терен ќе функционираат и мобилни тимови за да може полесно да ја следиме ситуацијата на терен и дојавите од граѓаните, се додава во соопштението.

Традиционалните активности кои ги добиваат во пунктот како облека, храна, хигиенски и берберски услуги, медикаменти продолжуваат на редовна основа.

Би можело да ве интересира

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток

Ана Ололовска

Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

Кристијан Ландов

МТСП: Обезбедено сместување за 85 бездомни лица, активирани дежурни тимови на пунктовите за бездомници

Наум Локоски

Пратеничките од ДОМ со законски измени за намалување на бројот на улични кучиња

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев-Царовска: 96 лица бездомници добија достоинствени услови за живот

Ана Ололовска

Зголемен бројот на бездомни лица кои бараат помош во пунктот во Момин Поток

Ана Ололовска