Прифатени законските измени за зголемување на поддршката за обесштетување од поплави

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 51. седница, го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој што треба да се донесе по скратена постапка.

Со измените, максималната висина на државната помош за штети од поплави или други елементарни непогоди, ќе се зголеми до 100 проценти. Досега, поддршката изнесување 60 до 80 отсто за подрачјата со ограничени моќности за земјоделско производство.

Утврдување на настанатата штета, пресметување загуба на приход од продажба на земјоделски растенија и животни, штети на стакленици и пластеници, како и пресметка на штетата и постапката за исплата на помошта ќе се врши согласно Уредбата за начинот на утврдувањето на неповолниот климатски настан, настанатата штета, пресметувањето на загубата на приходот, пресметката на штетата и постапката за исплатата на помошта.

Седницата е прекината и треба да продолжи во 14 часот до кога Предлог законот треба да биде разгледан во Законодавно-правната и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска