Прифатени измените на Законот за трговија во прво читање

Од:

Во претпладневниот дел од денешната собраниска расправа прифатени беа измените на Законот за трговија и измените на Законот за вработување на странци, двата во прво читање.

Во текот на расправата за Законот за трговија, опозицијата оцени дека има позитивни одредби во законот, но забележа оти казните за фирмите се превисоки.

Стојко Пауновски од СДСМ посочи дека како мерка се укинува едукацијата, а наместо неа се зголемуваат глобите со кои се сака да се наполни буџетот.

На ова, заменик-министерот за економија Христијан Делев ја отфрли тезата на Пауновски дека Владата казнува за да го наполни буџетот, притоа појаснувајќи дека поголем дел од изречените казни се мандатни.

– Се создава погрешна слика за казните. Од изречените мерки, можеби се наплаќаат не повеќе од три проценти, истакна Делев, додавајќи дека целосно не се укинува и едукацијата како постапка.

Во второ читање беа проследени и измените на Законот за вработување на странци.

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се работи за закон кој е корисен за сите странци затоа што  се намалува бројот на неопходни документи што треба да се поднесат за вработување, а Агенцијата презема обврска сама да ги обезбеди останатите документи.

Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски