Прием на битолчанката Оливера Наковска-Бикова кај градоначалничката Петровска

Од:

Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, денесka приреди прием и и честиташе на својата сограѓанка Оливера Наковска-Бикова, носителката на бронзениот медал од Светското првнство во Чеонгју, Јужна Кореја.

Светската рекордерка, која на денешната средба во општина Битола, гостуваше заедно со претседателот на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди, Васко Стефановски, ги искажа своите импресии од неодамнешното учество во три дисциплини на светското првенство во Чеонгју.
Како што е познато со постигнатите резултати Наковска-Бикова веќе обезбеди директно учество на Параолимписките игри во Токио 2020 година.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека на денешната средба, градоначалничката Петровска, поддржувајќи го успехот, искажала подготвеност за понатамошна поддршка на спортистите со инвалидитет, додека пак Наковска-Бикова, заблагодарувајќи се на приемот и наградата од градоначалничката, нагласи дека ваквата поддршка за неа претставува дополнителен стимул за максимално ангажирање и понатамошни подготовки, со цел и во иднина, достојно и со високи резултати, да ги претставува градот и државата во светот.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ