При претрес во Идризово одземени шест мобилни телефони

Од:

Управата за извршување на санкциите соопшти дека одзела шест мобилни телефони, при претресот што по наредба на директорот на „Идризово“ беше извршен пред два дена од страна на затворските службеници.

Од Управата велат дека претресот следел откако било утврдено дека осудените нелегално поседувале мобилни телефони во затворот, и ниту една друга причина не била повод за извршениот претрес.

„Дел од осудените лица, со цел да го спречат претресот предизвикаа пожар во една од ќелиите, додека пак други осудени лица предизвикаа намерна материјална штета при што дојде до истекување на поголема количина на вода. По завршувањето на овие настани, ситуацијата беше ставена под контрола на затворските службеници, а претресот продолжи и во сите останати ќелии. За време на претресот беа одземени вкупно шест мобилни телефони. Напоменуваме дека, осудените лица немаат право да поседуваат мобилни телефони, а од страна на затворот се обезбедува телефон и контакт со блиските“, наведува Управата за извршување на санкциите во дописот до медиумите.

Со оглед на високиот ризик на осудените лица сместени во ова одделение, од Управата оценуваат претресот бил извршен успешно.

Би можело да ве интересира

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

(ВИДЕО) Објавена снимка: Чувари претепаа затовреник во Америка, умре следниот ден

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски