А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

При интернет купување граѓаните да внимаваат на лажните страници и огласи

by А1он29/06/2016 - 16:0196
Share0

При интернет купувањето најчест проблем се лажните страници и огласи за што граѓаните треба многу да внимаваат. Ова беше порачано на денешната средба на организациите на потрошувачи на Македонија и на Охрид на која беше промовирана и брошура како граѓаните при интернет пазарење да прават разлика меѓу лажните и реалните интернет страници, кои функционира според законите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Купувањето преку интернет, според Иво Костовски правен советник во Организација на потрошувачи на Македонија, има позитивни и негативни страни. Тој посочи дека се соочуваат со проблеми во однос на лажни или манипулаитвни интернет страни кои продаваат производи на нелегален начин преку интернет, огласи или слично. Најмногу поплаки добивале за проблеми со технички производи, односно користење на правата и обврските кои следуваат од гаранција и гарантниот лист.

– Константно сервисирање производи, задржување производи повеќе од 30 дена, недозволување производот да се замени со нов или да се вратат средствата, сервисирање макисмум трипати по 30 дена, период во кој потрошувачот останува без тој производ, се најчестите поплаки, рече Костовски.
Граѓаните, додаде тој, многу ретко се жалат за нереалните попусти во продавниците. Минатата година имале пријави, но во текот на оваа година немало ниту една поплака за оваа проблематика.
– Во однос на нереалните попусти граѓаните многу ретко се жалат, но тоа не значи дека не постои како проблем. Можеби потрошувачите незнаат каде да се обратат или ги избегнуваат тие продавници. Во текот на оваа година нема ниту еден ваков пријавен проблем, истакна Костовски.

mvr

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео