При гаснење пожар во куќа во Волково, пронајдена почината жена

Од:

Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово.

Како што наведуваат од полицијата, на 1 август 2021 во 4:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

При гаснење на пожарот, од екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Три пожари се активни, 14 се изгаснати

Шестмина загинаа во пожар во куќа во покраината Хунан

Горан Наумовски

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен