При акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово, во текот на викендот, Државниот пазарен инспекторат времено затвори и запечати четири угостителски објекти, а на 13 им е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи.
– За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на ДПИ, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица кои не поседувале Ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет, информира МВР.
– На три објекти од страна на инспекторите им е побарана дополнителна документација, а на уште еден објект е изречена санкција поради непочитување на Законот за угостителска дејност. Дополнително, на три лица ќе им биде изречен поднесок согласно Законот за лична карта, соопштува Министерството за внатрешни работи.
По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.