(ВИДЕО) Презентирани три снимки за штанцање лични карти за изборите

Од:

СДСМ вечерва презентираше три снимки за манипулации со лилни карти.Беше посочено дека се работи за разговори на министрите Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Спиро Ристески како нарачуваат лични карти за да бидат искористени во изборниот процес во Струмица и во Ресен.

Разговорите, беше посочено дека се помеѓу Марјан Наковски и Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Спиро Ристовски и Миле Јанакиески со соговорник.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Наковски

МЈ: Маријан!
МН: Повели министре.
МЈ: Абе, има околу 300 лични карти за Струмица, во тек си?
МН: За да се прават или треба да стигнат?
МЈ: Да се прават.
МН: Ууууух.
МЈ: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанишев, чекај да ти дадам број. 071 269 606.
МН: Добро, ќе се слушнам.

Разговор помеѓу Спиро Ристески и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало!
СР: Горде, што правиш?
ГЈ: Добро бе Спире, еве, да ти кажам покасно станав и гледам кој што ја згрешил работата.
СР: Сега со Кире зборев ја… па ги барав сега овие глупациве.
ГЈ: Абе, што да ти кажам сеа. Кај таму со висок ризик правиме тоа шо правиме.
СР: Да де, да.
ГЈ: Многу несериозна работава.
СР: Невидена работа. Нема значи, врвен приоритет им беше кој на која листа ќе бидат. Синоќа до два саат се расправавме и пошто тоа им е сеа главен приоритет, ниедна активност не спровеле, меѓу кои и оваа…
ГЈ: Да де, да. Оваа е клучна. Јас му реков некни на Кире, викам, викнете кој што треба, луѓе, ова, она.
СР: Ги викнавме вчера на состанок со Кире кај мене.
ГЈ: Пошто знаеш и кај нас таму тие што сликаат, таму под казна се оди да дремеш на шалтер.
СР: Да, да.
ГЈ: Значи, треба да ги искомбинираш, да не те разберат, па, што да ти кажам.
СР: Катастрофа, неодговорно.
ГЈ: Ништо, те барав јас за тоа, за да некако да видиме, да ја фатиме работава малку.
СР: Да де, да. Сега им звонам на еден по еден, ама не се јавуваат они. Знаат за шо ги бараме.
ГЈ: Да бе да, и на Кире не му дигаат.
СР: Сега ќе видиме за пола саат.
ГЈ: Јас затоа и на тебе истава порака и на Спире Божиновски му ја пуштив, за да знае со кој си има работа.
СР: Да де, да.
ГЈ: И така.
СР: Ништо, ќе ги барам, па ќе се пречуеме уште еднаш.
ГЈ: Важи. Абе, и ја и Кире уште малку кај нас на работа ќе идеме у МВР, ама работава беше, знаеш, да биде кратко, брзо, да се заврши работата, не да нé разберат до Шпанија.
СР: Баш така.
ГЈ: Добро Спире.
СР: Важи Гоцо, се слушаме.
ГЈ: Ајде чао, чао.
СР: Чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Еј Миле.
МЈ: Од кај ти е информацијава?
С: А?
МЈ: Од кај ти е информацијава?
С: Пепич бе овој што ни ги прави личните карти.
МЈ: Од кај му е него информацијата бе?
С: Од кај му е него информацијата!?….
МЈ: Пред саат време завршивме…
С: Сега ќе го прашам од кај му е. Во чаршија работат, дуќан имаат.
МЈ: Ајде чао.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“