Презентирани податоците за зголемување на свесноста за одржливо лидерство

Од:

Осумдесет и шест проценти од 205 менаџери од Република Македонија сметаат дека одржливоста во организациите е нов концепт на кој не му е дадено големо внимание во организациите додека пак 93 отсто сметаат дека немаат формален сектор за одржливост, а со тоа и менаџер вработен на таа функција.

Ова се податоци од истражувањето и анализизата за потребата и зголемување на свесноста за одржливо лидерство како клучен сегмент за развој на компаниите и институциите спроведено од Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ, кои денеска беа презентирани на Економскиот факултет.

Истражувањето во однос на најслабо применети практики, покажува дека 23 проценти користат обновлива енергија, 22 отсто работат со намалување на емисиите на стакленички гасови, 19 проценти рециклираат, а само 17 отсто внимаваат на начинот на користење на водата и нејзино паметно и редуцирано користење.

– Како најзначаен фактор за одржливост се гледа економската стабилност на компаниите и фокусот кон долгорочен развој и стратегија. Од испитаниците 67 проценти сметаат дека корпоративно општествената одговорност е дел од одржливоста, а 85 проценти изјавиле дека на топ менџерите им се потребни менаџмент алатки за одржливост, истакнуваат од Институтот.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски истакна дека добиените истражувања и анализи за потребата и зголемувањето на свеста за одржливо лидерство е клучен сегмент за развој на компаниите и институциите.

– Една од целите од мисијата на УКУМ е постигнување на европски норми и стандарди во сите области во своето дејствување. Во таа насока УКИМ е еинтезивно вклучен во процесот на интернационализација и зазема активно учество во создавањето на европскиот високо образовен простор како клучен фактор за обединување на европската академска заедница, остварувајќи интезивна соработка со меѓународни организации, по постојана потрага за креирање нови партнерства и можности за соработка, истакна Јанкуловски.

Според деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулевски, истражувањето преставува интегрирано согледување на досега дијагностицираните потреби, тенденции, очекувања и значење кое македонските менаџери го посветуваат на оддржливиот лидерски развој.

– Истражувањето претставува согледување на напредните практики и програми на земјите од ЕУ од областа на оддржливиот развој, а во функција на лидерството, елаборирање на напредните моделитети и стандарди за успешни практики во сегментот на одржливиот лидерски развој како и согледување на развојните аспекти кои ја исцртуваат македонската реалност во поглед на потенцијал за навремено подготвување и спроведување на промени, а кои се ориентирани кон јакнење на системот за нивен одржлив развој, рече Дракулевски.

Директорот на Центарот за економски анализи Леонид Наков појасни дека проектот „Заеднички програми за оддржливо лидерство“ има големо значење за целокупниот развој на Македонија.

-Македонија се бори грчевито да создаде единствен интегриран, препознатлив и синхронизиран модел во кој ќе се обезбедат системи на поврзувње и усогласување на светските алатки и практики од областа на оддржливиот развој и едновремено ќе се обезбеди поттикнување на лидерскиот потенцијал на македонските менаџери, истакна Наков.

Појасни дека во одговорите на македонските менаџери е идентификувано дека во иднина трите сегменти на оддржливиот развој, економскиот, социјалниот и еколошкиот треба да бидат подеднакво застапени.

– Факт е што ние не можеме да говориме за одржлив развој доколку не водиме сметка за економските капацитети на нашите организации и институции. Правата од социјален однос коишти ги уживаат македонските вработени мораат да растат со практиките на ЕУ и во поглед на заштитата, одржувањето и ефикасната употреба на обновливливите извори на енергија и мора да постои поголема посветеност, посочи Наков.

Анкетниот лист содржел 20 прашања групирани во четири дела, а спроведен е во таргет група кај повеќе од 3.000 менаџери вработени во македонски компании. Добиени, анализирани одговори се од 205 испитаници. Паралелно со прашалникот спроведени се и интервјуа преку директни средби со претставници од бизнис секторот и непрофитниот истражувачки сектор. Од испитаниците 55 проценти се од машки пол, додека 45 отсто женски. Возрасната граница е од 30 до над 50 годишна возраст, а најмногу одговори се добиени од менаџерите од 30 до 45-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот