Презентирани нвоите струки пред идните кочански средношколци

Од:

СОУ „Ѓошо Виќентиев“ од Кочани од денеска ширум ги отвори вратите за идните средношколци со цел претставување на постоечките и новите струки и профили во училиштето на кои што ќе можат да се запишат учениците.

Од новата учебна година има промена во бројот на ученици што може да ги прими установата, како и во одредени профили и струки. Воведени се нови реформирани профили. Одредени промени има и во дел од постоечките, со што се менува и бројката на ученици за упис и бројот на паралеките.

– За наредната учебна година нашето училиште може да прими 442 ученици распоредени во 13 паралелки и тоа пет во машинската струка во постоечките профили. Измените во однос на минатата година се во профилите инсталатер за цевни водови, заварувач и обработувач на метал. Значи профилите маталостругар и машинобравар веќе не постојат заменети се со овие профили. Во електро струката имаме предвидено седум паралеки. Промените во оваа струка се однесуваат на новата комбинирана паралелка електромеханичар- автоелектроничар и втората паралелка со тригодишно образование електромеханичар за компјутерска техника и технологија. И новина од оваа година е воведување на двегодишно образование а тоа е паралелката автоелектричар, изјави Димче Сребренов, в.д директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани.

СОУ „Ѓошо Викентиев“ е регионален центар поради што во наредните денови се очекува училиштето да го посетат и ученици од соседните општини кои ќе се запознаат со новите профили на образование што ги нуди училиштето.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски