Презентирана работата на пречистителната станица во село Кучичино

Од:

Преставници на компанијата „Еко Ина“ од Загреб која го доби тендерот за изградба и опремување на пречистителаната станица на отпадни води во село Кучичино, општина Чешиново Облешево, денеска ги презентира опремата, начинот на работа и ефектите.

Пречистителаната станица со капацитет за 700 жители од село Кучичино е прва од ваков вид по сливот на река Брегалница. Се гради со донација од Швајцарската влада и општина Чешиново Облешево и е во завршна фаза.

– Како водечка компанија во оваа област, правиме пионерски потфат во Македонија, бидејќи со преработката на одпадните води, талогот кој останува, односно ферментира, може да биде рационално искоритен во земјоделството што е голем бенефит, истакна Миленко Михаинас од „Еко Ина“.

Според Ања Потокар, градежен инженер од компанијата „Линос“ од Словенија, денешната обука на која присуствуваа 15 лица, е да се запознаат со технологијата за пречистување на одпадните води.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот