А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Презентирана „Православна енциклопедија“, најголемо енциклопедиско дело за православието во светот

by А1он07/10/2015 - 16:40445
Share0

Во Охрид денеска беше презентирано најголемото енциклопедиско дело посветено на православието во светот, специјалното издание на досега објавените 38 тома од големиот проект „Православна енциклопедија“, во издание на Руската православна црква, а под редакција на патријархот московски и на цела Русија, г. г. Кирил.

Добивај вести на вибер

На свеченоста организирана од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, беше истакнато дека „Православната енциклопедија“ е специјализирано информативно издание со две задачи – да даде сеопфатна информација од двеилјадигодишната историја до информација за современата состојба на православната ехумена, како и да ги запознае читателите со другите христијански конфесии и нехристијанските религии, а исто така со природните науки, културни, филозофии, уметности, политики повеќе или помалку поврзани со религијата. Особено внимание енциклопедијата посветува на црковниот живот во 20 век.

Во обраќањето пред присутните претставници на МПЦ, на Министерството за култура, на Владата на Руската Федерација, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, на Православната енцикопедија, универзитетски професори и други гости, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски потсети на блиските врски на братските народи на Македонија и на Русија, кои ги споделуваат заедничката православна традиција, заедничката култура и заедничките цивилизациски вредности.

Стојковски, кој денеска беше именуван за одговорен редактор за делот на енциклопедијата посветен на Македонија, истакна дека тоа е од огромно значење за државата од научен аспект, оттаму што станува збор за капитално дело што веројатно ќе има повеќе од 60 тома.

mpc

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен