Презентација на најдобра мобилна апликација во рамки на кампањата „Информирај се сега!“

Од:

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ќе биде презентирана најдобрата мобилна апликација од натпреварот за креирање мобилна апликација во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“

Кампањата „Информирај се сега!“ ја спроведуваат Коалицијата СЕГА со Младинските информативни и советодавни центри Инфо СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Кампањата се спроведува во период од осум месеци (од 01 октомври 2016 до 01 јуни 2017 година) и предвидува серија активности на локално и национално ниво, со цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации и да ја подигне свеста за значењето на онлајн младинско информирање.

Натпреварот за изработка на мобилна апликација за веб страната хттп://млади.амс.мк/, е една од активностите на кампањата и се реализира во партнерство со ФИНКИ, на кој учествуваат тимови од студенти од повеќе факултети од цела Македонија.

Сите тимови кои изработија мобилна апликација ќе добијат време од 15 минути за презентација на својата мобилна апликација. Во текот на презентацијата комисија од пет лица ќе прави оценки на апликациите и ќе се води според претходно утврдените технички критериуми. Тимот со најдобро изработена мобилна апликација ќе добие награда во вредност од 500 евра.

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска