Презентација на минерали за Денот на планетата Земја

Од:

Запознавање со минерали и кристали oд светот и од Република Македонија, меѓу кои и македонскиот рубин, ќе се одржи денеска и утре во Народната канцеларија на Председателот на Република Македонија во Скопје по повод Денот на планетата Земја – 22 Април.

Еден од организаторите на настанот Дејан Шкартов, кој е промотор на македонскиот рубин, вели презентацијата ќе овозможи нов пристап кон сознанието колку природните минерали се присутни во нашиот секојдневен живот, без да бидеме свесни за тоа.

– Првата асоцијација на темата “Планета Земја”  или ” Природа” најчесто е прекрасен пејсаж, или некаков приказ на богатството на појавни форми од растителниот или од животинскиот свет. Но, сепак, постои еден свет, кој е уште побогат со форми, бои, хемиски елементи и нивни комбинации, но кој е и најмалку познат – скриениот, волшебен свет на природните минерали и кристали, вели Шкартов.

Би можело да ве интересира

Браните ја поместија оската на Земјата за повеќе од еден метар

Ротацијата на Земјата се забрзува

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

Ана Ололовска

Одбележување на Денот на планетата Земја со „зелено ветување кон самите себе“

Ана Ололовска

ДОМ: Со акција „Селектирам Дома“ го одбележуваме Денот на планетата Земја

Ана Ололовска

С. Македонија на 28 март 11-ти пат во мрак за Часот на планетата Земја

Ана Ололовска