Презентација на функционалноста на Офицерскиот дом во Битола

Од:

Во рамките на проектот за реставрација и адаптација на Офицерскиот дом, во салата на Општина Битола се одржа презентација за идејните решенија за неговата функционална употреба. Решенијата произлегоа од претходно одржаниот состанок на претставници на културните институции, мислењата на стручните лица, како и мислењето на граѓаните искажано преку платформата Урбан дијалог.

Од Општината информираат дека сублиматот бил претставен пред градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како и пред дел од општинската администрација надлежна за реализацијата на проектот и неговата натамошна намена.

„Се конкретизираа одредени намени на објектот и неговата околина, во однос на функционалноста и одржливоста, кои понатаму ќе се доработуваат и преку проектната документација ќе бидат доставени до Светска банка и делегацијата на ЕУ“, соопштува Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски