Презентација на акцелераторот и академијата за ЕУ фондови и грантови

Од:

Во Скопје денеска ќе биде означен почетокот на работата на акцелераторот и академијата за ЕУ фондови и грантови која почнува од 6-ти aприл (eufundingaccelerator.mk), a ќе бидат презентирани и искуства и проекти финансирани од ЕУ во изминатите години.

Ќе бидат претставени и иновативни проекти во нивна почетна, тековна, напредна фаза, како и завршени проекти од неколку програми на Унијата.

Ќе биде претставена и првата платформа за поврзување во ЕУ (euconnected.net) која почнува со работа на 6-ти март оваа година.

Со платформата е предвидено криерање свој профил преку кој заинтересираните ќе можат да најдат партнери за проекти на ЕУ, пракса, летна размена или вработување во земји-членки на Унијата, потоа поврзување на стартап компании, иноватори, инвеститори и бизнис-ангели од ЕУ и регионот.

Како втор дел од настанот ќе биде и презентацијата на проектот Иновативно Кулинарско Искуство 2017, преку кој во Скопје ќе дојдат светски познати готвачки имиња од неколку континенти кои ќе одржат едукативни работилници во текот на една недела во Скопје и Охрид во октомври оваа година заедно со 7 континенти (www.7continents.com.mk).

Би можело да ве интересира

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он