Преземени мерки да се изолира првиот забележан случај на Ковид-19 во Кичево

Од:

По информацијата за првиот резидентен случај во општина Кичево со коронавирус, која беше објавена од градоначалникот Фатмир Дехари, попладнево заседаваше Кризниот штаб кој донесе одлука да се преземат превентивни мерки во насока за изолирање на случајот.

Градоначалник Дехари, информираше дека по овој случај имал контакти со министерот за здравство, Институтот за јавно здравје во Битола и вработените во болницата, кои гарантирале дека сомнителните случаи се во изолација, како и дека сите членови кои имале контакти со заразениот со „Ковид-19“ ќе бидат тестирани.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, изразувајќи благодарност до граѓаните кои скоро три месеци биле пример за сите други градови, апелира да не се занемари оваа состојба, особено сега по олеснувањето на мерките. Тој побара жителите на Општина Кичево да покажат трпеливост, зрелост и грижа како до сега.

Тој информира дека е во постојан контакт со сите институции, во својство на шеф на Кризниот штаб и дека најдобриот лек или доктор за оваа пандемија е самодисциплината на секој од нас

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит