Превозниците догодина ќе користат 1.310 ЦЕМТ дозволи со еуро 5 и 84 со еуро 6 стандард

Од:

Министерството за транспорт и врски за следната година ќе распредели 1.310 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 5 категорија  и 84 за возила со еуро 6 категорија. Со распределбата има намалување на дозволите за еуро 5, а првпат ќе се доделат дозволи за еуро 6 стандард.

Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволите преку  интернет страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk  ќе почне на 10 октомври, а ќе трае до 15 октоври во 24:00. Ќе можат да аплицираат трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки, за сите видови меѓународни транспортни дозволи, и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби, за поединечни транспортни дозволи-резервација.

Министерот за транспорт  Миле Јанакиески на прес-конференција информира дека согласно одлуката на работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока, Македонија  има 138 базни дозволи врз основа на кои ќе се врши распределбата на ЦЕМТ дозволите за следната година.

–  Во последните 12 месеци во Македонија се купени повеќе возила со еуро 5 и еуро 6 стандард  и во контакт со дилерите знаеме колку точно ќе пристигнат до 10 октомври.  Моментно се лиценцирани 29 возила со еуро 6,  а се очекува до 10 октомври да има 84, што значи дека  таа категорија ќе биде целосно покриена, рече Јанакиески.

Од возилата со еуро 5 стандард, додаде, ќе бидат покриени 65 проценти, односно  за 2.010 возила има 1.310 ЦЕМТ дозволи. Лани  се распределија  дозволи за повеќе од 85 проценти од возилата, односно годинава  15 проценти помалку превозници ќе добијат  ЦЕМТ.

– Ние сме постојано во контакт со земјите од регионот и пред се со земјите чија територија ја користат нашите превозници и добиваме екстра уилатерлни, транзитни  или дозволи за трети земји. Со тоа сите оние што нема да добијат ЦЕМТ дозволи ќе гледаме во соработка со  останатите земји да им дадеме друг тип дозволи, иако ЦЕМТ-от е најдобар,  нагласи министерот за транспорт.

Тој појасни дека генерално политиката на Европската комисија е да се даваат повеќе дозволи за еуро 6, како нови камиони што помалку ја загадуваат животната средина, а помалку за еуро 5. Сега веќе голем број  превозници купуваат возила со еуро 6. Тоа е политика на  ЕК и добро е што од година во година тоа го најавуваме, така што наредната гоидна ќе има многу малку дозволи за еуро 5 дозволи, а повеќе за еуро 6. Инаку контингентот е генерално ист,  но насоката е да биде покриена еуро 6  како квалиотет на возила, а останатите за еуро 5. Некои земји се уште доделуваат дозволи за еуро 4 бидејќи имаат многу помалку расположливи превозни средства  во однос на Македонија, рече Јанакиески.

Јанакиески  најави и дека на 1 октомври Министерството за транспорт ќе биде објавен оглас за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возните редови ќе се врши преку интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk.

Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 9 часот на 1 октомври до 21 часот на  2 октомври.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска