Превентивна систематска дератизација во општина Битола

Од:

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола од денес до 24 овој месец, на подрачјето на општина Битола ќе врши превентивна систематска дератизација.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола информираат дека превентивната систематска дератизација претставува општа против епидемиска мерка која се реализира секоја пролет и е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од јавен интерес како што се детските градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и други општински објекти.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола посочуваат дека пролетната превентивна дератизација ќе се врши и во канализацискиот систем на колективните станбени објекти како и на јавната депонија „Мегленци“ и диви депонии во градот.

Активностите на теренот ги спроведуваат екипи обележани и заштитени со знаци за предупредување, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките