Превентивна дератизација на подрачјето на Општина Могила

Од:

Центарот за јавно здравје-Битола почна превентивна систематска дератизација на подрачјето на Општина Могила. Акцијата се одвива согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општината како општа против епидемиска мерка.

Од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека екипите ќе спроведуваат активности на терен, односно ќе поставуваат отровни мамци за уништување на глодари во канализационите шахти.

-Дератизацијата се врши на подземниот канализациски систем на Општина Могила каде има 90 шахти, и канализацискиот систем на објекти од посебен јавен интерес, односно воспитно-образовни институции, здравствени установи и други објекти на подрачјето на Општина Могила каде има 30 шахти, посочуваат од Центарот.

Екипите и активностите на теренот се обележани и заштитени со знаци за предупредување.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски