Претставникот на УНИЦЕФ во Македонија во посета на ФЗОМ

Од:

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова денеска оставари работна средба со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бертранд Демулан, соопштија од ФЗОМ.

– Дури 90 проценти од вкупниот број на граѓани во Република Македонија се опфатени во системот на задолжителното здравствено осигурување и секој граѓанин има право да биде вклучен во системот, што ја вбројува Македонија во земјите со највисок процент на здравствени осигуреници, истакнала на средбата Парнарџиева-Змејкова.

Директорката го информирала гостинот за унапредување на здравствениот систем, имплементирајќи проекти кои значат, административно олеснување, побрзи и навремени услуги кои се добиваат по електронски пат.

– Во насока на поефикасни услуги за осигурениците, Фондот има значаен партнер во невладиниот сектор, во прв ред, здруженијата на пациенти. Од интензивната комуникација со здруженијата, ФЗОМ ги црпи потребите за подобрување на системот, како и за подобрување на квалитетот на здравствените услуги кои осигурениците ги добиваат, стои во соопштението.

Демулан ја информирал директорката за програмата која УНИЦЕФ ја реализира во соработка со Владата на Република Македонија, за социјален модел за инклузија на деца со посебни потреби. Тој нагласил дека во грижата на децата со посебни потреби, ќе бидат вклучени и патронажни сестри.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа