Претставниците на SECO и ЈП Комуналец, ја оценуваат реализацијата на проектот за водоснабдување во Гостивар

Од:

Управниот одбор на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гостивар”, одржа редовна седница, осма по ред, при што консултантите направија презентација на втората фаза од проектот.

Експерти од SECO, претставници на ЈП “Комуналец” и на Општина Гостивар, беа на лице место за да ја оценат изградбата на резервоарот до која фаза е стигнато, како и емергентните мерки кои се преземени кај изворот на реката Вардар.

Притоа, директорот на Јавното претпријатие “Комуналец” Исак Лазами, ги увери претставниците на SECO дека јавното претпријатие и општина Гостивар, ќе работат интензивно во спроведувањето на овој проект со витално значење за граѓаните на Гостивар и дека ќе работи со забрзани чекори за да се избегнат доцнењата што се појавија во текот на претходниот мандат.

Инаку, проектот “Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гостивар”, се овозможува со грант од SECO (Швајцарски државен секретаријат за економски прашања), кредит од германската банка KFW, како и учество со улсуги на Општина Гостивар. Вкупната вредност на проектот, во сите фази, изнесува 7.200.000 евра.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор