Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

Од:

Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, вчера објави дека ќе дебатира со празно столче на третата претседателска дебата на МТВ, на што нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски реагираше дека терминот за дебатата на МТВ никогаш не бил договорен.
Сиљановска Давкова, на социјалните мрежи, објави фотографија на која е сама во студиото на МТВ, како најава за како што пишува „третата претседателска дебата“, по што Пендаровски, во објава на Фејсбук и одговори дека „единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“.

Претходно, Давкова на социјалната мрежа X, објави дека ќе дебатира со празно столче на МТВ.

– Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови, напиша Давкова.

Според Пендаровски ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, порачувајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

-До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна. Знаете зошто го велат тоа? Прво, да ви кажам, дека договор за термин немаше. Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на 6 мај на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Силјановска – Давкова да излезе како победник во дуел, нагласи Пендаровски.

Од МТВ, во соопштение до медиумите, ги отфрлија информациите дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел, нагласувајќи дека Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упатила покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседтелските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

– Јавниот сеервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 6 мај (понеделник). Од тимот на Гордана Силјановска Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај-четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат. Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ.

Кампањата за парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ, кога почнува предизборниот молк. Двојните избори се в среда на 8 мај.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, порача дека ДИК е подготвена за претстојните избори, најавувајќи дека денеска и утре ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, додека првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ.

Би можело да ве интересира

Средба Сиљановска Давкова-Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

Сиљановска-Давкова ќе се придржува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

„Еурактив“: Претседателката на Северна Македонија предизвика контроверзии на инаугурацијата

Горан Наумовски