Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски присуствуваше на чествувањето на Денот на народното востание во Куманово и положи свежо цвеќе пред Спомен – костурницата.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Скопје и Прилеп и положија свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија во Скопје и споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД