Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

Од:

Претседателот на Заедница на единиците на локалната самоуправа на Северна Македонија (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски упати апел до надлежните институции за сериозност и професионално делување во однос на лажните дојави за бомби во училиштата. Според Ѓорѓиевски, поради неможноста да се најдат испраќачите, кај граѓаните сериозно е нарушено чувството на безбедност и доверба во системот.

-Од името на ЗЕЛС, сакам да апелирам и да го повикувам МВР, како надлежна институција да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на електронските пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови за да можат учениците што поскоро непречено да следат настава. Апел и до МОН бидејќи системот за онлајн настава не функционира во повеќето од училиштата, па заобиколните решенија за одвивање на образовниот процес не се возможни. Општините не можат да ја спроведуваат оваа доверена надлежност и не можат да им помогнат на родителите кои огорчени се обраќаат во единиците на локалната самоуправа, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој го повика и Министерството за образование и наука да најде начин наставата да продолжи и да се зафати сериозно со овој проблем, бидејќи како што рече, системот за онлајн настава не функционираше вчера, а не функционира ниту денес за некои училишта.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

Орце Ѓорѓиевски реизбран за претседател на ЗЕЛС, Герасимовски и Меџити избрани за потпретседатели