Претседателот на турското Собрание во посета на Македонија

Од:

Во официјална посета на Република Македонија денеска престојува претседателот на Големото турско Собрание Џемил Чичек.

Негов домаќин е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со кого Чичек ќе оствари тет-а-тет средба. Во Парламентот на Македонија, претседателот на Големото турско собрание ќе разговара и со претседателот и членовите на Парламентарната група за соработка со турскиот Парламент. Чичек ќе се потпише во книгата за впечатоци, а ќе положи и цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија.

Претседателот на Големото турско Собрание Чичек е во возвратна посета на Македонија. Во посета на Големото турско собрание во Анкара во јуни оваа година престојуваше претседателот на македонскиот Парламент.

Во рамки на посетата Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.

Попладне Чичек заедно со другите членови на делегацијата ќе го посети Турскиот културен центар Институтот Јунус Емре, а ќе оствари и низа други средби.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска