Претседателот на Собранието во посета на Турција

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери попладнево пристигна во Анкара, Турција каде беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Турција – Македонија.

Во рамки на официјалната посетата на Турција предвидено е Џафери утре да има средби со турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, и со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.

Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.

Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна нашата земја под уставно име.

Би можело да ве интересира

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски