Претседателот на Собранието, Џафери се сретна со австралиската министерка Бишоп

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, која е во официјалната посета на Република Македонија.

Оваа посета, соопшти собраниската служба за информирање, кореспондира со почетокот на реформските процеси во Република Македонија, кои започнаа со формирањето на новата Влада и претставува прва официјална посета на висок државен функционер од Австралија од осамостојувањето на Република Македонија, од 1991 година до денес.

Претседателот на Собранието, Џафери, како што се наведува, изразил огромно задоволство од оваа посета, потенцирајќи дека парламентарната дипломатија на високо ниво меѓу двете држави ќе придонесе во натамошно збогатување и унапредување на меѓусебните пријателски и отворени билатерални односи. Во таа насока, претседателот на Собранието искажал подготвеност да му биде домаќин на неговиот австралиски колега, и изразил надеж дека групите за соработка што редовно се формираат во двата парламента, ќе продолжат во духот на инвентивна и квалитетна соработка.

Севкупните односи меѓу Република Македонија и Австралија ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог заснован врз партнерски однос и заемно почитување, при што бројната дијаспора од Република Македонија претставува мост за поврзување и збогатување на меѓусебните релации. Очекуваме одлуката на австралиската влада во однос на употребата на референцата во меѓународните односи во значителна мера да ги промени перцепциите и степенот на демократските вредности, стои во соопштението.

Министерката Бишоп со особено задоволство се осврнала на реформската агенда на новата Влада и на Планот 3-6-9, со особен акцент на делот за почитување на владеењето на правото и нулта толеранција за корупцијата, со што земјата ќе се придвижи на патот на европските и евроатлантските интеграции, на кои Австралија дава силна поддршка. Истакнувајќи ја вековната богата традиција на австралиската парламентарна демократија, која датира уште од 1901 година, Бишоп изразила очекување дека размената на искуствата од парламентарната практика и принципите на парламентарната демократија меѓу Собранието на Република Македонија и Парламентот на Австралија, ќе претставува двигател на реформските процеси на парламентарно ниво.

Австралиската страна, како што е посочено, високо ги цени и ги поздравува заложбите за транспарентност на Законодавниот дом, отворен пристап кон граѓанскиот сектор, невладините организации, медиумите, како и надзорната улога над работењето на владата и другите државни институции. Ваквите чекори значително ќе ја зацврстат улогата на парламентот како чувар на суверенитетот и уставниот поредок.

Соговорниците споделиле видувања во однос на немилите настани од 27 април, при што констатирале дека само со јасна и силна визија може да се продолжи кон градење на стабилни и демократски институции и парламент кој ќе носи квалитетни законски решенија во интерес на граѓаните, и на иднината на Република Македонија.

Австралија и натаму континуирано ќе ја поддржува Република Македонија и нејзините граѓани во демократските општествени процеси и ќе биде нејзин силен партнер на меѓународен план, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски