Претседателот на СДСМ помеѓу земјоделците, производители на јаболко во Преспанско

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е помеѓу граѓаните на Преспанскиот регион.

Утрово, претседателот Заев се сретна со земјоделците, производители на јаболко. Во пресрет на Јаболкоберот, претседателот Заев симболично откина едно јаболко и им посака среќен Јаболкобер, добро здравје и добар пласман на земјоделските производи.

„Овоштарите се пожалија дека се манипулирани од страна на прекупци кои се продолжена рака на власта. Тие со поддршка на актуелната власт си поигруваат со трудот и маката на овоштарите.

jabolkober (3)

Се нудат банални, недостоинствени цени за трпезното јаболко, за индустриското да не говориме. Земјоделците не можат да си го наплатат трудот, а не да остане заработувачка.

Згора на сето тоа, на овоштарите прелажани од прекупците, во голем дел не им се исплатени средствата за предадениот род од претходни години.

Ова се случува откако се воведе системот на плаќање преку трансакциска сметка. Власта не превзема никаква правна заштита. Тоа значи дека премолчано ги заштитува прекупците, дека се тоа луѓе кои работат координирано, во соработка со самата власт.

Ова стана неиздржливо, а не е ни дозволиво, рекоа земјоделците, производители на јаболка од Преспанскиот крај“, се вели во соопштението на СДСМ.

jabolkober (1)

„Знам дека не ви е лесно, ја гледаме вашата мака. СДСМ, откако ќе ја добие честа да ја води државата, морално се обврзува, а ќе обезбедиме и соодветна законска заштита на овоштарите, државата да им помогне во обезбедувањето пласман и нормален живот, онаков како што заслужува секој граѓанин на Република Македонија“ рече Заев.

Посетата на престедателот Заев на преспанскиот регион продолжува во Ресен на средби со граѓаните. Во попладневните часови пак претседателот Заев е на средби со граѓаните на општина Долнени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски