Претседателот на ПССЕ Жан-Клод Мињон во посета на Македонија

Од:

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон ќе ја посети Република Македонија во периодот од 10 до 12 јуни 2013, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Според соопштението од кабинетот на претседателот на ПССЕ, тој во Скопје треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, како и со вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Жан-Клод Мињон на 11 јуни ќе одржи говор пред Собранието на Република Македонија, а има предвидено и разговори со координаторите на политичките групи.

Посетата на Мињон доаѓа само десетина дена пред расправата во ПССЕ за извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Ана Ололовска

ПССЕ: Намaлeн притисокот врз медиумите и новинарите во С.Македонија

Ана Ололовска

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија

Ана Ололовска