Претседателот на ПССЕ Мињон ќе се обрати во Собранието

Од:

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Жан Клод Мињон денеска ќе се обрати во Собранието на Република Македонија. Мињон е во дводневна официјална посета на земјата, на покана на претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски.

Пред почетокот на седницата претседателот на ПССЕ ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Мињон рече дека целта на неговата посета е лично да го констатира она што стои во извештајот за постмониторинг дијалогот, пред неговото разгледување на пленарната сесија на ПССЕ и да ги информира властите за содржината на овој извештај.

Мињон вчера имаше средба со претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски и со координаторите на пратеничките групи во Собранието, а беше примен и од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

На средбите, генерално, станало збор за актуелната политичка состојба, за завршените локални избори, имплементацијата на Рамковниот договор.

За наметнатиот спор за името од страна на јужниот сосед, претседателот на Собранието Вељаноски истакнал дека тоа е прашање на сопствениот идентитет, од егзистенцијално значење за секој човек и народ.

Се очекува денеска Мињон да се сретне со премиерот Никола Груевски, како и со вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања,  Муса Џафери и Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули